Со какви казни се соочува Сити? Одземање на титулите, исфрлање од Премиерлигата…

78
ФОТО:facebook.com/mancity/

Тоа е тоа. Вистинска “бомба“ од Островот беше веста дека Манчестер Сити е прогласен за виновен за кршење на финансиските правила на Премиер лигата. Според информациите објавени во петокот од Дејвид Орнштајн од „The Athletic“, независен панел го прогласи клубот за одговорен за речиси сите обвиненија поврзани со финансиските прописи. Одлуката е епилог на процесот што го започна Премиер лигата во 2023 година, а кој се однесува на наводни прекршувања помеѓу 2009 и 2018 година. Во 2023 година, Премиер лигата го обвини Сити за 115 финансиски прекршоци извршени помеѓу 2009 и 2018 година. Клубот беше обвинет и за несоработка со истрагата. Целиот процес беше започнат откако германскиот весник „Дер Шпигел“ објави интерни финансиски документи на клубот во 2018 година. Во текот на спорниот период, Сити освои три титули во Премиер лигата, два ФА купа и четири Лига купа, а судбината на сите тие титули сега е неизвесна. Во претходните случаи, финансиските прекршувања најчесто резултираа со одземање бодови. На пример, на Евертон и Нотингем Форест им беа одземени по четири бода во текот на сезоната 2023/24 поради кршење на правилата.

Бидејќи обвинувањата против Сити се многу посериозни, тимот на тренерот Енцо Мареска се соочува со подрастични санкции. Се споменуваат следниве опции:

-одземање на титули освоени во спорниот период
-одземање на бодови
-висока парична казна
-забрана за трансфери
-исфрлање во понизок ранг
Колкава ќе биде точната казна сè уште не е позната бидејќи не постои официјален правилник што ги дефинира санкциите за вакви прекршувања. Премиер лигата намерно нема фиксни казни. Се верува дека клубовите, доколку однапред ги знаеле последиците, би можеле свесно да ги прекршат правилата доколку проценат дека тоа ќе им биде од корист на долг рок. Во пракса, ова значи дека сите опции се можни, во зависност од одлуката на раководството на лигата.

ПретходноБразил се спаси од пораз од Австралија во последните секунди
СледноЧави: Можеби заслуживме повеќе од нерешено