Швајцарската репрезентација е нашиот противник во рамките од Лигата на Нациите. И тоа прв во редицата заедно со Словенија и Шкотска.
Утре на Арената ќе пристигне една од најсериозните селекции на планетава, предводена од многу звезди. Меѓу кои и играчот на Милан, Ардон Јашари, момчето со потекло од Македонија, поточно од Куманово.
На прашањето колку често доаѓа во родниот крај на неговото семејство, Јашари даде многу позитивен одговор за нас.
„Ова лего бев во Македонија. Да имам, доста фамилија тука, често доаѓам тука. Од страна на Фудбалската Федерација на Македонија бев своевремено контактиран, но веќе се обврзав да настапувам за Швајцарија, а и многу бргу потоа стигна и повикот за А репрезентацијата. Јас сум роден во Швајцарија, тоа е мојата земја. Таму се школував, таму израснав, таму се изградив како личност. За мене постои само една земја, а тоа е Швајцарија“ – изјави Јашари, па додаде.
„Што се однесува до самиот меч утре против Македонија, знаеме што не очекува, подготвени сме, свесни сме за императивот на победа. Го респектираме противникот, но секако дека одиме на победа“ – додаде Јашари.










