Партизан со победнички старт во Евролигата, Шортс блескаше во победата на Валенсија

44
ФОТО:.facebook.com/bcpartizan

Вечерва се одиграа уште три меча од 1.коло во Евролигата. Во Белград, пред своите фанови, кошаркарите на Партизан со 92:76 славеа против Милано. Заслужен триумф на “црно – белите“ со оглед на тоа дека беа подобар тим од “манекените“ од Милано.

Џонс со 20 поени, 10 асистенции и 4 скокови го одбележа мечот и покажа зошто е главен во тимот на српскиот тим.

Бешикташ во драматичен меч на свој терен беше поразен од Валенсија со 94:96. Ка победничкиот состав блескаше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс со 26 поени и беше убедливо најдобриот поединец на овој натпревар.

Фенербахче пред своите фанови со 78:68 го победи тимот на Виртус и победнички ја започна сезоната во Евролигата.

ПретходноЗидан тргна со победа, ама сите погледи се кон коленото на Мбапе! Италија со пораз во Рим
СледноКрај за финската бајка: Франција си закажа финале со Полска