Иако не тренираа на Арената во Скопје, својот последен тренинг Швајцарците го одработија во Белек (Турција), но сепак од она што го виде селектор Мурат Јакин и тоа како не беше задоволен. Тука мислиме на тревникт на Арената.
Швајцарскиот селектор не го криеше своето незадоволство па јавно кажа на пресот:
“Кога ќе видите ваков терен, висок седум сантиметри, се радувате што трениравме во Турција утрово. Би бил среќен ако се искоси- затоа што не може да се игра фудбал на тој начин“, го критикуваше Јакин теренот во Скопје.










