За првпат во историја Македонија има “пет од пет“, ама без постигнат гол!!!

714
ФОТО:FFM.MK

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Лошо, очајно лошо, катастрофално беше вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Не е трагедија да загубиш така убедливо од една Швајцарија, трагедија е на каков начин ќе загубиш.

А Македонија вечерва под водство на селекторот Гоце Седлоски беше и повеќе од очајна.

Интересно, оваа Македонија на Седлоски урива негативни рекорди. Имено за првпат во историја на нашата репрезентација имаме “пет од пет“ без постигнат гол, тоа се нестварни 450 минути.

Неверојатно е како Македонија не може да постигне гол. Не да победи, туку барем да постигне гол.

Данска, Р.Ирска, БиХ, Турција и еве вечерва Швајцарија.

Погрешна тактика, збунета одбрана, среден ред кој не се виде, а кога е така тогаш што да прават напаѓачите.

Среќа, голема среќа што на голот го имаме еден Столе Димитриевски кој успеа да одбрани барем 5-6 зицери. Ако не беше тој, тогаш ова ќе беше катастрофа. Не дека и ова не е катастрофа, ама 0:3 си се 0:3, не се на пример 0:10. Ете толку требаше вечерва да биде.

Да се надеваме дека веќе за три дена во Љубљана, во меч од 2.коло во Лигата на Нации, ќе биде подобро.

Барем да дадеме гол…

Лошо, лошо, многу лошо е ова. Седлоски треба добро да се замисли. По пријателските во јуни ветуваше поинаква Македонија, напаѓачка Македонија. А еве што видовме вечерва.

Кататсрофа! Ова е веројатно најслабиот меч на свој терен на Македонија во историјата.

И на крај, Македонија вечерва не шутна кон противничкиот гол.

Зарем треба коментар и за ова…

ПретходноПрегазена Македонија среде Скопје! Само 0:3, а голот не го видовме! (ВИДЕО)
СледноТомовски повторно фантастичен, 16 одбрани против Магдебург!