Полувреме на Арената: Швајцарија „пука“ од сите страни, добро е, Македонија губи „само“ 0:2 (ВИДЕО)

407

Македонската фудбалска репрезентација во моментов на Арената Тодор Проески во Скопје пред повеќе од 12:000 гледачи го игра првиот дуел од новиот циклус на Лигата на Нациите против репрезентацијата на Швајцарија.

Резултатот на полувреме е 0:2 во дуел во кој гостите ја покажуваат сета своја сила. Која што е продолжение на она што Швајцарија го играше на последниот Мундијал.

Уште од првата секунда се виде кој е кој на терен. Гостите шутнаа преку десет пати кон нашиот гол.

Андоуни прв се закани шутираше покрај голот, за да потоа, истиот играч во 22. Минута асистира за Фролјер за погодок 0:1.

И по водството гостите не застанаа, туку атакуваа кон нашиот гол со сите сили со цел за да што побргу создадат предност која што ќе им биде доволна за конечен триумф.

Го погодија и дирекот, а единствен „виновник“ што резултатот сеуште е минимален во корист на Швајцарија е нашиот Столе Димитриевски кој што во неколку ситуации спаси чист гол.

Во 42. минута асистентот на првиот гол Амдоуни реализираше за двојно водство и 0:2 на семафорот уште пред полувреме.

 

ПретходноСрдечен поздрав меѓу Алиоски и Јакин!
СледноДе ла Фуенте за Јамал: Тој има сè што треба за да стане легенда