Нешто што воопшто не го посакувавме, а се случи, е тоа да на стартот на Лигата на Нациите, на домашен терен, добиеме фудбалска лекција од Швајцарија. А се случи токму тоа вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје. Показна вежба за тоа, како се игра на меѓународна сцена, односно Б дивизија, во која што Македонија очигледно, ако се суди по вечерашново издание ќе има епизодна улога.
Се она што Швајцарија вечерва го одигра против Македонија, е само показател колку оваа селекција е силна, и колку е реален нејзиниот пласман во елиминациите на последниот Мундијал.
Се останато се само најави, желби и ништо повеќе. Македонија вечерва одигра онолку колку што противникот дозволи. Односно апсолутно ништо.
Фуриозен старт, двојно водство до полувреме
Гостите знае за што се дојдени овде и веднаш прејдоа од најави на дело. Притисок на последната наша линија, атаци од сите страни удари, шанси. Во 22 минута, Фројлер конечно ја пробива нашата дефанзива по серија на обиди кои завршија или во Димитриевски или покрај/над нашиот гол.
Ни по гостинското водство нашите маки не завршија. Напротив, Швајцарија очигледно си имаше поставено задача до полувреме да реши се, па така и беше. Го погоди дирекот, промаши уште неколку зицер ситуации, а потоа Амдоуни во 41. Минута рутински реализира за 0:2.

Второ полувреме иста приказна
Македонија во продолжението влезе со серија на измени во кои што шанса добија Елези, Митровски, Омерагиќ, но наместо промени на подобро, нештата на терен изгледаа исто.
Ндоје имаше „зицер“ ситуација во која што излезе сам пред Димитриевски но некако лошо шутираше со врвот на копчката па нашиот голман добро се снајде.

Амдоуни по втор пат во листата на стрелците
Како одминуваше времето ситуацијата на теренот за Македонија стануваше се полоша. Силата на нашите репрезентативци и капацитетот константно да се бранат полека исчезнуваше, а тоа противникот секако го историски.
Амдоуни со соло минијатура, дриблинг излегува пред Димитриевски и на рутина реализира во мрежата на Македонија за 0:3.
До крајот на дуелот, секако никој ништо од актерите на терен не промени, туку Швајцарија едноставно го докрајчи овој добитен дуел за неа.
Македонија сега мора веднаш да се рехабилитира и да се фокусира на она што следува за само два дена. А тоа е дуелот со Словенија на гостински терен.

Македонија – Швајцарија 0:3 (0:2)
Арена Тодор Проески
Гледачи: 12.000
Стрелци: Фролјер 22’, Амдоуни 41’, 74’ (Ш)
Ж.картони: Илиевски, Барди, Гаштаров(М)
Македонија: Димитриевски, Илиевски (Стојчевски 75), Зајков (Мелиќи 55’), Муслиу, Херера, Костадинов (Елези 46), Гаштаров, Барди, Елмас, Растодер (Митровски 46), Миовски (Омерагиќ 55’)
Швајцарија: Кобел, Родригез, Аканџи, Елведи, Атекаме, Фројлер, Јашари, Ндоје, Манзамби, Ридер, Амдоуни










