Суперкуп „Драган Василов – Цевка“МЗТ Скопје по доминација, Куманово за историја!

35

Со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Куманово во рамките на Суперкупот „Драган Василов – Цевка 2026“ ќе биде отворена новата кошаркарска сезона. Дуелот се игра во спортската сала во Куманово со почеток во 18 часот.

За МЗТ Скопје Аеродром оди по деветтиот пехар, шефот на стручниот штаб, Васко Атанасов, очекува интересен натпревар и позитивен епилог за својот тим.

„Имаме доста предизвици пред нас во новата сезона. Веќе во сабота нè очекува дуелот од Суперкупот против Куманово. За нас, традиционално, ова е некое отворање на сезоната. Суперкупот е еден од трофеите кои ние посакуваме да ги задржиме.

Одиме да играме во Куманово. МЗТ Скопје е најдобар кога игра на гости и победува кога игра на гости. Тоа е одлика на големи екипи. Ние сме голема екипа, така што очекувам добра атмосфера, добра игра и, секако, да го задржиме трофејот кај нас“, вели Атанасов.

Што се однесува до Куманово за првпат има шанса да дојде до пехарот во Суперкупот, со помош на домашните фанови сите се надеваат дека ќе успеат да го победат МЗТ Скопје и да испишат историја.

„Не очекува исклучително тежок натпревар, против квалитетен противник кој добро го познаваме. Годинава има промени во ростерот, но знаеме дека станува збор за сериозна екипа која ќе настапува на три фронта.

На нас е да го дадеме максимумот. Доколку го дадеме, мислам дека имаме шанси да стигнеме до посакуваната победа“, изјави Стојан Ѓуроски.

ПретходноАНАЛИЗА СО АЛЕКСАНДАР МИТРЕСКИ: За силната Швајцарија треба многу храбра Македонија!
СледноМакедонија е во серија од осум меча без победа, со Седлоски не знаеме ни за гол!