Во пресрет на вечерашниот дуел со Швајцарија, да се потсетиме на нешто што и не е за фалење. Ако до пред нешто повеќе од една година потенциравме, се фалевме, бевме горди на успешната серија на нашата А- репрезентација, сега мораме да кажеме дека Македонија во изминатата година, поточно на последните осум меча е без победа. Од тие осум меча на четири предводник беше Благоја Милевски, а на последните четири Гоце Седлоски. Да кажеме и тоа дека со новиот селектор ние не знаеме ни за гол.
Последен пат нашите фудбалери успеале да победат со Лихтенштајн и тоа со 5:0 во квалификациите за СП 2026 и тоа на 7 септември 2025 година, значи пред една година.
Следуваа натпреварите со Белгија на гости (0:0), Казахстан дома (1:1), пријателска со Летонија дома (0:0), Велс на гости (1:7). Потоа дојде до смена, Милевски си замина а дојде Седлоски.
Неговото деби беше во Копенхаген со Данска во баражот за пласман на СП 2026, пораз од 4:0. Потоа одигравме со Р.Ирска на гости 0:0, па со БиХ во Сараво пријателска исто без голови, и на крај со Турција на гости, исто пријателска, пораз од 4:0.
Од ова произлегува дека нашата А-репрезентација под водство на Седлоски не успеала ниту еднаш за 360 минути да ја затресе противничката мрежа.
Да се надеваме дека вечерва прво ќе се израдуваме на гол а потоа и на победа. Зошто да не?
Иако против себе имаме силна репрезентација.










