Вечерва Дијамантот по 80-ти пат ќе игра за Македонија

98
ФОТО:.facebook.com/ffm.mk/

Завчера му беше роденден, наполни 27 години, а вечерва против селекцијата на Швајцарија ќе го одигра својот 80-ти меч за нашата најдобра репрезентација.

Се разбира дека тоа е Елиф Елмас, нашиот фудбалски Дијамант кој за нешто помалку од една деценија дојде до бројката од 80 натпревари за Македонија.

Колку за потсетување. Елмас своето деби го имаше на 11 јуни 2017 година, против Шпанија во Скопје, кога тогашниот селектор Игор Ангеловски му даде шанса да покаже што знае, кога на местото на Остоја Стјепановиќ во 45 минута истрча на теренот и беше одличен против тогашните ѕвезди на силната репрезентација на “Црвената фурија“.

Тогаш Елмас имаше само 17 години и осум месеци, и оттогаш па се до денеска нашиот Дијамант е незаменлив дел од нашата А-репрезентација.На тие 79 меча успеа во 13 наврати да се запише во листата на стрелците.

На вечната листа по настапи, Елмас е на 9. место, пред него се Горан Пандев (124), Гоце Седлоски (100), Александар Трајковски (98), Езџан Алиоски (91), Столе Димитриевски (90), Величе Шумуликоски (84), Енис Барди и Стефан Ристовски (82).

Ова значи дека вечерва Џани, Столе и капитенот Енис Барди ќе додадат по уште еден настап за Македонија.

Свој јубилеј ќе има и Висар Муслиу, кој по 75-ти пат ќе го облече дресот на Македонија.

Кога сме кај головите, со тие 13, Елмас се наоѓа на делба на 6.место на вечната листа, заедно со Алиоски. Пред нив се Горан Пандев (38), Александар Трајковски (24), Енис Барди (20), Ѓорѓи Христов (16) и Артим Шаќири (15).

ПретходноМакедонија во понеделник ќе го дознае првиот противник во Дејвис купот за 2027
СледноПетте ракометни легенди со силни пораки од Охрид: Патот од почетокот до крајот на вашата кариера е најважниот медал!