Вечерва од 20.45 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, Македонија против Швајцарија во меч од 1.коло во групата 1 во Б Лигата на Нации.
За првпат А-репрезентацијата на нашата земја се наоѓа во ова друштво, и кога веќе сме таму јасно е дека и противниците се поквалитетни во однос на оние со кои досега игравме во изминатиот период во ова натпреварување.
За почеток на мегдан со Швајцарија, ривал кој и тоа како си има свои квалитети. Важи за селекција која знае како треба, која на последното СП 2026 стигна до 1/4 финалето каде беше поразена од Меси и другарите, ама четата на Мурат Јакин секако дека воодушеви.
Македонија е во серија од осум меча без победа, во серија од четири меча без постигнат гол, но тоа е минато, тоа е историја, тоа е зад нас.
Сега мислите ни се кон добар настап, добра игра и секако добар резултат.
Победа?! Па, ако ни се укаже шанса, ако искористиме некоја од шансите кои секако дека ќе дојдат и го дадеме максимумот, зошто да не.
Швајцарија и без Џака и Емболо, и тоа како треба да се респектира, но оваа Швајцарија и не треба да се преценува. Како и секоја селекција од тој ранг си има свои слабости. Да се надеваме дека стручниот штаб на чело со Гоце Седлоски ги воочил тие слабости и дека тие ќе се искористат.
Оваа Македонија… на Елмас, Барди, Столе, Џани и останатите во минатото знаела и тоа како да ја израдува домашната фудбалска јавност, па нека биде така и вечерва.
Очекуваме и поддршка од трибините на Арената затоа што овие момци тоа и го заслужуваат.
Затоа…
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
Одиме силно, одиме храбро!










