Бруно Фернандеш се врати во Манчестер и нема да биде дел од дуелот со Норвешка

76

Репрезентацијата на Португалија вечерва во 20:45 часот го игра дуелот од Лигата на Нациите против Норвешка на гостински терен. Португалците на овој меч ќе мора да настапат ослабени затоа што на повреда се пожали Бруно Фернандеш.

Тој веќе го напуштил репрезентативниот кампус и воопшто не замина на ова гостување. Туку директно се вратил во Манчестер за да неговата повреда која е класифицирана како комплицирана биде прописно и истретирана секако.

Норвешка и Португалија веќе имаа по три бода на контото откако победија во првото коло против Данска и Велс.

 

ПретходноИрска пријави стопер како голман за дуелот со Израел вечерва
СледноРепрезентативната пауза знае да биде кобна за клубовите: Се повреди Александер Исак