Ирска пријави стопер како голман за дуелот со Израел вечерва

74

Овој несекојдневен потег е инициран од фактот што еден од чуварите на мрежата на репрезентацијата на Ирска, Гевин Базуну одлучи да не биде дел од овој дуел кој што патем се игра во Унгарија, во Дебрецен, поради протест за војната во Газа.

Па така, со оглед на фактот што во записникот според правилата на УЕФА мора да постојат два резервни голмани од репрезентацијата на Ирска се досетија на следново.

Џими Дан, фудбалерот на Квинс Парк Ренџерс е наведен во официјалниот состав за натпреварот како еден од тројцата голмани, заедно со Каоимхин Келехер и Макс О’Лири.

Дан е вообичаено централен бек и првично беше повикан секако како стопер.

 

ПретходноЧетири гиганти од Премиерлигата спремаат тужба до Сити вредна 800 милиони фунти
СледноБруно Фернандеш се врати во Манчестер и нема да биде дел од дуелот со Норвешка