Репрезентацијата на Португалија вечерва во 20:45 часот го игра дуелот од Лигата на Нациите против Норвешка на гостински терен. Португалците на овој меч ќе мора да настапат ослабени затоа што на повреда се пожали Бруно Фернандеш.
Тој веќе го напуштил репрезентативниот кампус и воопшто не замина на ова гостување. Туку директно се вратил во Манчестер за да неговата повреда која е класифицирана како комплицирана биде прописно и истретирана секако.
Норвешка и Португалија веќе имаа по три бода на контото откако победија во првото коло против Данска и Велс.










