Ракометната федерација на Македонија направи голем исчекор за развој на женскиот ракомет во нашата земја. Во рамките на „Трофеј Македонија“ го организираше Првиот женски ракометен форум, кој е прв не само во Макеоднија, туку на регионот.
Петте ракометни легенди: Индира Кастатровиќ, Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Сузана Лазовиќ и Лидија Хорват ги раскажаа своите приказни, го споделија своето искуство и одговараа на прашањата од младите ракометарки.
По завршување на Форумот, европските и светски легенди ја потпишаа „Охридската декларација за развој и унапредување на женскиот ракомет“, со која се повикува на долгорочна соработка меѓу федерациите, клубовите, спортистките, тренерите, медиумите, институциите….
„Нашата цел не е само да создадеме подобри ракометарки, да создадеме систем во кој секое девојче што ќе ја земе ракометната топка во раце ќе има можност да сонува, да напредува и да стигне до највисокото ниво.
Од Охрид испраќаме заедничка порака: „Една игра. Една визија. Посилни заедно.“
Оваа Декларација претставува почеток на заедничка иницијатива за поврзување на женската ракометна заедница во Македонија и регионот и создавање подобра иднина за генерациите што доаѓаат.










