Ако не беше Столе Димитриевски на нашиот гол, тогаш место 0:3, поразот ќе беше поубедлив, можеби и двоцифрен. Вака треба да бидеме среќни што загубивме само три разлика.
И покрј одличниот настап, нашиот голман прими три гола и секако дека не беше задоволен по мечот.
Еве што кажа Столе:
“Имаа доста напади кон нашиот гол. Ние треба да бидеме поконвентрирани, пофокусирани пред нашиот гол, во таа наша дефанзива и мора да се подобриме. Треба да се браниме многу подобро од она што сега го правиме, така како што не карактеризираше досега. И затоа мислам дека треба да се подобриме во одбраната за да можеме да дојдеме до шанса за подобар напад“.










