МРК Куманово во драматичен финиш до бод против Мулти Есенс

0
фото: МРК Куманово (FB)

Куманово и Мулти Есенс одиграа драматичен натпревар во актуелното коло од Суперлигата кој заврши без победник – 33:33.

Гостите од Скопје имаа контрола врз резултатот во најголемиот дел од натпреварот, а во неколку наврати водеа и со максимални шест гола разлика. Сепак, драмата кулминираше во последната минута, кога Куманово успеа да анулира негатива од три гола и да дојде до реми.

Костов беше најефикасен кај домаќините со 12 гола, додека Мамдух постигна девет. Кај Мулти Есенс најпрецизен беше Матевски со 10 гола.

ПретходноЈакимовски со 16 поени му ја донесе првата победа на Наполи