Нов Американец во Градски Парк, пристигна Елингсворт

208

Кошаркарскиот клуб Работнички го промовираше своето ново засилување за претстојната сезона, американскиот крилен играч Џаксон Елингсворт.

Станува збор за 206 сантиметри високиот кошаркар, кој во изминатата сезона настапуваше за Арканзас Стејт во NCAA-лигата. Елингсворт одигра 32 натпревари во сезоната 2025/26, со просек од 9,7 поени и 4,8 скока по натпревар.

Американецот се истакна и со добар шут од дистанца, реализирајќи 34,7 проценти од обидите за три поени. Во Работнички очекуваат новото засилување да донесе дополнителна енергија во нападот, но и поголема сигурност во скокот.

ПретходноОва се пеналите на дуелот Македонија – Русија (У21), играчите и публиката во шок! (ВИДЕО)
Следно„Атлетик“: Манчестер Сити го чекаат сериозни санкции во следните три до пет сезони!