„Атлетик“: Манчестер Сити го чекаат сериозни санкции во следните три до пет сезони!

121

Манчестер Сити се соочува со сериозни последици по завршувањето на повеќегодишната истрага за прекршувања на финансиските правила на Премиер-лигата. Независната комисија го прогласи клубот за виновен по 114 од вкупно 115 точки од обвинението, но конечната санкција сè уште не е објавена.

Меѓу можните казни се споменуваат висока парична глоба, одземање бодови, суспензија, па дури и исфрлање од Премиер-лигата. Доколку дојде до најстрогата варијанта, Сити би можел да биде префрлен во Чемпионшип, што би предизвикало сериозни последици и за актуелниот состав.

„Разговарав со поранешен висок раководител на Премиер лигата. Неговата идеја беше во основа дека во следните три до пет сезони ќе им бидат одземени од 20 до 25 бода по сезона, што, во пракса, би им го отежнало пласманот во Лигата на шампионите во тој период, оставајќи ги, во најдобар случај, еден вид „остров“ на средината на табелата во следните три до пет години“, објасни Адам Крафтон во подкастот на „Атлетик“.

Клубот, сепак, ја задржува можноста да поднесе жалба, па целата постапка може дополнително да се одолговлече. Од Сити досега инсистираат дека процесот сè уште не е завршен и дека клубот ќе продолжи да ги брани своите позиции.

ПретходноНов Американец во Градски Парк, пристигна Елингсворт
СледноРустемовски на прием во Македонскиот олимписки комитет