Влатко Тасевски: Успешен ракометен викенд во Охрид и силна порака за иднината на женскиот ракомет
26
FOTO RFM
Викендов, нашиот прекрасен Охрид, беше домаќин на една голема, ракометна манифестација под името „Трофеј Македонија 2026“. Покрај овој одлично организиран ракометен турнир на кој што учевствуваа женските ракометни репрезентации на Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, беше организиран и првиот Женски ракометен форум.
Собир кој што на едно место доведе серија на легендарни женски ракоменти имиња од типот на Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ кои што од се срце ја прифатија поканата да учевствуваат и да ги споделат своите искуства, како активни ракометарки своевремено, сега како спортски работнички.
Од друга страна пак, Генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски денеска што се вели го даде завршниот збор за манифестацијата оценувајќи ја како исклучително успешна и како почеток на нешто што ќе прерасне во традиција.
“Зад нас е еден убав и содржаен ракометен викенд во Охрид. Во изминатите три дена, преку „Трофеј Македонија“ и првиот Женски ракометен форум, се обидовме да направиме нешто пден убав и содржаен ракометен викенд во Охрид. Во изминатите три дена, преку „Трофеј Мовеќе од организација на уште еден турнир. На „Трофеј Македонија“ имавме можност да ги пречекаме репрезентациите на Србија, Хрватска и Црна Гора и да одиграме квалитетни натпревари кои се исклучително важни за нашата женска сениорска репрезентација. Резултатите секогаш се важни, но во овој период уште поважно е да видиме каде сме, што треба да подобриме и да создадеме услови репрезентацијата да расте низ силни натпревари. Паралелно со турнирот, за првпат го организиравме и Женскиот ракометен форум во Охрид.
Посебно ми е драго што на едно место успеавме да собереме големи имиња од регионалниот и европскиот ракомет – Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ – и нивните искуства да ги доближиме до нашите ракометарки, а особено до помладите генерации.
Разговорите беа искрени и отворени. Се зборуваше за успесите, но и за тешките моменти во кариерата, за притисокот, повредите, односот со тренерите, самодовербата и за сето она што една млада ракометарка ја очекува на патот доколку сака еден ден да игра на највисоко ниво.
Токму тоа беше и нашата цел. Сакаме младите девојки да имаат кого да гледаат, од кого да учат и да почувствуваат дека и пред нив постои пат по кој можат да стигнат далеку. Како Ракометна федерација на Македонија сме свесни дека развојот на женскиот ракомет не може да се случи преку еден турнир или еден форум. Потребна е континуирана работа – во клубовите, младинските категории и репрезентациите, но и многу поголема промоција и внимание кон женскиот спорт. Овој викенд во Охрид беше еден чекор во таа насока. Благодарност до репрезентациите на Србија, Хрватска и Црна Гора што ја прифатија нашата покана, до сите панелистки на Форумот, ракометарките и стручните штабови, како и до сите луѓе кои беа вклучени во организацијата.
И, секако, благодарност до публиката и до младите ракометарки кои беа дел од овие три дена.
Продолжуваме понатаму. Идејата е ваквите настани да не останат исклучок, туку да станат дел од начинот на кој заеднички ќе го градиме и промовираме женскиот ракомет во Македонија.”