Манчини: Игравме супер, а сега е време за мечот со Франција

44

Репрезентацијата на Италија вчера одигра еден од најдобрите мечеви во последните години. Во рамките од Лигата на Нациите трето коло, „Азурите“ гостуваа во Турција, каде што ама никогаш не е лесно да се игра, и обезбедија екстра триумф од 1:4.

Во игра која што е за секоја пофалба, и која што беше нотирана како одлична од страна на селекторот Роберт Манчини.

„Теренот беше исклучително тежок, бидејќи врнеше цел ден, и беше сосема нормално Турција да бара пресврт по паузата. Сите момци играа најдобро што можат. Распадори излезе со физички проблем – решивме дека е подобро да го замениме на полувреме отколку да ризикуваме да го изгубиме во првите пет минути од второто полувреме. Тимот притискаше длабоко, одлично ја држеше топката и лесно ја движеше. Џакомо ги следеше сите инструкции и одигра добра игра“, – рече Малдини па додаде.

„Сега треба брзо да се прегрупираме за следниот натпревар и да ја вратиме силата. Имаме свежи играчи дома и ќе се обидеме да ги добиеме нашите во Париз“, – додаде селекторот.

 

 

 

ПретходноМакедонија У17 подобра од Луксембург во Турново
СледноПорзингис повторно повреден, го пропушта стартот на новата сезона