Флик е тренер на месец септември во Ла Лига

20

Тренерот на Барселона, Ханси Флик е повторно избран за тренер на месецот во шпанската Ла Лига.

Германскиот стратег ја освои наградата и во месец Август, но по новите одлични партии кои ги одиграа неговите фудбалери, тој повторно ја добива оваа награда. Во конкуренција со Флик беа и Диего Симеоне и Мануел Пелегрини, но Германецот ги доби гласовите од навивачите и експертите.

Во изминатиот месец Барселона ги победи сите 4 натпревари во Ла Лига со импресивна гол разлика 19:5. Во моментов Барселона се наоѓа на првото место на табелата во шпанското првенство и има максимален скор од 7 победи на 7 натпревари.

ПретходноПремиерлигата потврди: Манчестер Сити е виновен за прекршување на финансиските правила!
СледноПознати составите: Седлоски со „нова репрезентација“ стартува против Словенија, Барди на клупа