Лино Червар пред дуелот со Ла Риоха: Публиката е нашата сила во Битола

0
ФОТО:.facebook.com/hceurofarmpelister

Утре во Битола, од 20.45 часот ракометарите на Пелистер во меч од 1.коло во ЕХФ Европската лига, ја пречекуваат Ла Риоха. Секако дека од битолчани се очекува добра игра и победа. Да потсетиме дека во изминатите неколку сезони Пелистер играше во Лигата на Шампионите, а оваа ќе игра во Европската Лига.

Свој коментар во пресрет на утрешниот меч со Ла Риоха, има стратегот на битолчани, Лино Червар:
“Мораме добро да се подготвиме. Многу го ценам шпанскиот ракомет. Ла Риоха е клуб против кој веќе сум играл и има голема традиција. Нè чека напорна работа, играчите мора да бидат подготвени.

Посебно важна е нашата одбрана. Кога некој игра добра одбрана, тогаш има голема шанса да победи на натпреварот. Ова е наш прв натпревар оваа година во Европската лига, а луѓето очекуваат многу од нас. Многу сум задоволен од атмосферата меѓу играчите и очекувам многу публика. Навивачите се многу поврзани со нашиот клуб. Ниту еден успех на Пелистер не би бил можен без Страста за победа дава дополнителна енергија. Затоа јас верувам во мојот тим“ посочи Червар.

ПретходноТака треба: Светските шампиони на прием во МОК!(ФОТО)