Така треба: Светските шампиони на прием во МОК!(ФОТО)

0

Македонската кикбокс репрезентација оствари извонреден резултат на ВАКО Светското јуниорско првенство во Лидо Ди Јесоло, Италија, освојувајќи 3 златни и 2 бронзени медали во силна конкуренција од над 2.800 натпреварувачи од 74 држави!

Златни медали:

Томи Андонов (K1 / YJ M +81 kg)

Калин Бабоски (LK / OJ M -63.5 kg)

Глигор Николов (LK / YJ M -67 kg)

Бронзени медали:

Драгица Глигорова (KL / OC F +65 kg)

Петар Лозановски (LK / YJ M -60 kg)

По враќањето од Италија, младите шампиони беа на свечен прием во Македонскиот олимписки комитет, каде што беа топло пречекани од претседателот Даниел Димевски и раководител на сектор спорт Петар Спасеновски.

Македонскиот олимписки комитет упатува огромни честитки до сите репрезентативци, стручниот штаб и Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко. Овие млади спортисти уште еднаш потврдија дека се вистински спортски амбасадори на нашата земја!

Браво шампиони!

ПретходноОд Крањ 13.10.1993 до Љубљана 29.09.2026: На почетокот ја “смачкавме“ Словенија, сега не знаеме ни гол да дадеме!(ВИДЕО)