Од Крањ 13.10.1993 до Љубљана 29.09.2026: На почетокот ја “смачкавме“ Словенија, сега не знаеме ни гол да дадеме!(ВИДЕО)

0

„ГООООЛ… Чоко Бошковски, 0:1 за Македонија“ ова останува во историјата, ова никогаш нема да се заборави. Се играше 3.минута кога по асистенција на Дарко Панчев, Зоран Чоко Бошковски стрелаше за 0:1 за Македонија на гостувањето во Крањ на тој 13 октомври 1993 година против Словенија. На крајот беше победа од 1:4, стрелци на тој историски меч беа и Панчев, Јаневски и Канатларовски.

Имавме страшен состав тогаш, просто ја “смачкавме“ Словенија. И тоа ни остана. Сега Чоко е во стручниот штаб на Седлоски.

Отогаш минаа 33 години, Македонија одигра 305 натпревари (95-79-131 е билансот), игравме еднаш на ЕП 2021, бевме двапати во бараж за СП во 2022 и СП 2026.

И толку!!!

Сите исто се прашуваме, можевме ли повеќе?

Секако дека да, ама тоа е некоја друга тема за анализа. Сега не е време за некои детализирање ако се знае дека во серија сме од 9 мечеви без победа и замислите, пет меча без постигна гол.

Новиот селектор Гоце Седлоски уште го чека првиот гол на неговите избраници да му се израдува.

Кога сме кај дуелите со Словенија, вечерва на “Стожице“ ќе ги одмериме силите по осми пат. Имаме 4 победи, две ремија и само еден пораз со гол – разлика 13:7.

Веќе кажавме дека нашата “приказна“ ја почнавме со Словенија во Крањ на тој 13.10.1993 кога победивме со 1:4. Следуваше мечот на 23.03.1994 кога победивме со 2:0. По цели 16 години, повторно на пријателски меч на 14.11. 2012 кога славевме и третпат во низа. Словенците единствено славеле во 2016 со 1:0. Во 2019 година одигравме две квалификациски средби за ЕП 2020. Дома победивме со 2:1, во Љубљана беше 1:1. И на крај на 1 јуни 2021 година во пријателски меч беше нерешено 1:1.

Ова е таа историја која ја имаме на мечевите со Словенија.

Во продолжение уште еднаш проследете ги моментите од историските 1:4 на тој 13 октомври 1993, на првиот меч на фудбалската репрезентација на Македонија од нејзината самостојност.

ПретходноХаос во Турција: Се бараат оставки од претседателот на ФС и од селекторот Монтела