Башкими објави дека му вели благодарам на Шабан Сулиман, Муарем Муарем на негово место

137

Повторно промени во Куманово. За време на оваа репрезентативна пауза, прволигашот Башкими го менува тренерот.

На местото на досегашниот шеф на стручен штаб, Шабан Сулиман, доаѓа познато име. Муарем Муарем повторно ќе биде тренер на прволигашот од Куманово, откако веќе одработи еден мандат на оваа функција.

Башкими во моментов се мачи на резултатски план, и нема доволно бодови, колку што посакуваат во Куманово, но шампионатот е долг и од таму се надеваат дека ситуацијата барем до зима ќе се подобри.

ПретходноТрагедија во Грција… почина млад фудбалер за време на натпревар
СледноВлатко Тасевски: Успешен ракометен викенд во Охрид и силна порака за иднината на женскиот ракомет