Битолчани стартуваат во ЕЛ: Ла Риоха е првиот европски „тест“ за Пелистер

59
фото: RK Eurofarm Pelister (FB)

Е. Пелистер вечерва го започнува настапот во новата сезона на ЕХФ Европската лига, а прв противник на битолскиот состав ќе биде шпанската Ла Риоха. Битолчани ја имаат предноста на домашниот терен, а натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ започнува од 20:45 часот.

Пелистер влегува во натпреварувањето со високи амбиции. Тимот е меѓу носителите во групната фаза, а во групата Г, покрај Ла Риоха, се и германски Гумерсбах и полски Вибжеже Гдањск.

„Доста време го чекавме овој натпревар. Шпанците имаат доста добро технички потковани играчи коишто си играат своја игра. Знаеме дека шпанските екипи се тактички добро спремни. Работевме во изминатиов период и ние доста добро. Мислам дека сме доволно спремни да одговориме на сите нивни напади и очекувам добар натпревар од наша страна. Влегуваме на хартија како фаворит, но тоа треба да се покаже на терен. Би им порачал на фановите да дојдат, да нè бодрат, да ја наполнат спортската сала „Боро Чурлевски“, вели пред денешниот дуел, искусниот чувар на мрежата на „зелено-белите“, Никола Митревски.

За Еурофарм Пелистер ова е можност европската сезона да ја започне со победа и да направи важен чекор кон пласман во елиминациската фаза.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: A.K. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.942.048 ДЕНАРИ
СледноНа дебито со голема шанса: Малески за малку со деби-гол за Македонија (ВИДЕО)