Куманово потпиша македонски репрезентативец!

208
Фото: ФИБА

Пред почетокот на новата сезона во Супер-лигата, Куманово питпиша нов македонски репрезентативец. Станува збор за Адем Мекиќ, кој ќе биде големо засилување во тимот предводен од Марин Докузовски.

Мекиќ има посебен договор со раководството на Куманово, има клаузула која му дозволува да замине само доколку добие понуда за странство.

Мекиќ во Куманово се враќа после долго време, тој го носеше дресот на овој тим во сезоната 2017/2019.

Куманово новата сезона ја почнува против МЗТ Скопје на гостински терен, овие два тима се сретнаа во Супер-Купот, победата ја однесе актуелниот првак.

ПретходноПроблемите на Сити допрва почнуваат, клубот треба да плати 50 милиони судски трошоци
СледноПОЗНАТ НОВИОТ ШЕФ НА “ПИРАТИТЕ”: Варадиновски на клупата на ФК Скопjе