Екипата на ФК Скопје го објави новиот стручен штаб кој треба да се погрижи за подобри резултаи во ПМФЛ-лигата. Главен тренер на новиот прволигаш е младиот стратег од Штип, Иван Варадиновски, кој доаѓа на местото на Муарем Муарем, кој имаше слаби резултати на стартот на новта сезона. Новиот стратег пред извесно време беше на клупата на Новаци, а лани беше во Кожув, има и работено во Детонит. ФК Скопје информира дека негов помошник е Иван Настевски.
Од клубот истакнаа дека голема важност е што двајца поранешни фудбалери на овој клуб се дел од стручниот штаб.
„Посебна важност носи фактот што Иван Варадиновски и Иван Настевски во минатото како фудбалери го носеа дресот на ФК Скопје, а денес се враќаат во клубот во нова улога“, велат од ФК Скопје.
Новиот стручен штаб ќе има пеколно деби со првакот Вардар веднаш по репрезентативната пауза.















