Роналдо ја напушти Португалија поради изјава на селекторот

414

Кристијано Роналдо одржа итен состанок со селекторот на Португалија, Жорже Жесус, откако се појавија тензии околу одлуката на напаѓачот да остане неискористен заменик во победата од 2-1 над Норвешка во Лигата на нации.

Првата вест беше дека двајцата ги испеглале своите разлики и се договориле, откако 41-годишниот фудбалер за првпат од 2008 година цел меч го преседе на клупа.

Според информациите кои се појавија, капитенот на Португалија го напуштил репрезентативниот камп по прес-конференцијата на Жорже Жесус. Сè доаѓа само неколку часа откако селекторот отворено проговори за Роналдо и статусот на големите ѕвезди во тимот.

„Кога играчот се загрева 20 или 30 минути и не доаѓа, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рече Жесус.

Португалија ја продолжува во Лигата на нации со гостување во Данска, а Роналдо останува водечки стрелец во историјата на националниот тим со 146 гола на 234 натпревари.

ПретходноПОЗНАТ НОВИОТ ШЕФ НА “ПИРАТИТЕ”: Варадиновски на клупата на ФК Скопjе
СледноФА покрена истрага против Арбелоа