Србиновски: Очекувам изедначен шампионат! Првиот меч е важен, но не и пресуден!

69

Новата кошаркарска сезона е на прагот. Со темпото на создавање на ростерите, како и најавите изминатиот период, за очекување е конечно да видиме поизедначен и поквалитетен шампионат, дали најавите на хартија ќе се исполнат на дело ќе видиме наскоро.

Ако бираме еден тим кој треба да донесе промени и свежина во суперлигашкото друштво тоа е тимот на Штип, кој влезе со вајлд-карта. Предводник на овој клуб е Марјан Србиновски, кој ги сподели импресиите од подготовките и очекувањата.

„Подготовките ги почнавме на време, Првиот дел од подготовките го поминаме како што беше планирано. Одигравме неколку пријателски натпревари. Ни се случија неколку повреди поради што бевме приморани да откажеме на уште некоај проверка. Во исчекување на враќањето на повредените играчи и новото странско засилување, ни останува краток период за воигрување, Но што е тука е, очекувам како ќе одминува времето да бидеме се подобри“.

Во првото коло неговиот тим е домаќин на Тиквеш. Србиновски потенцира дека првиот меч е важен, но не и пресуден. Очекува изедначен шампионат.

„Освен неколку клубови што отскокнуваат со квалитетот, очекувам доста изедначено првенство.

Првиот натпревар секогаш е важен, но не е пресуден. Скако сакаме да ја отвориме сезоната со победа. Ќе дадеме максимум во овој моменет за тоа да се случи. Ние како ГКК Штип сакаме да даваме максимум на секој натпревар, како на домашен, така и на гостински паркет“.

ПретходноОК Струмица доби засилување од Америка
СледноПроблемите на Сити допрва почнуваат, клубот треба да плати 50 милиони судски трошоци