Словенецот за Македонија: Не ни треба еуфорија, тие не се репрезентација од највисока класа

0

По вчерашнаата победа над Македонија од 2:0, селекторот на Словенија Боштјан Цесар ги освои своите први три натпреварувачки бода како селектор, но на прес-конференцијата не беше премногу еуфоричен.

„Среќен сум. Беше совршен натпревар. По натпреварот со Шкотска, нагласив дека е исклучително важно што не примивме гол, а сега успеавме да го направиме тоа по втор пат по ред, што е исклучително. Мораме да растеме од натпревар во натпревар, но секако не треба да има еуфорија по оваа победа. Игравме против добар тим, но не е меѓу тимовите со највисок квалитет, момците заслужуваат честитки“, беа зборовите на Цесар.

ПретходноМакедонија не се сети на Среќко Катанец! Срамота…