И на 45 години не му е доста: Алонсо потпиша нов договор со Астон Мартин

26

Фернандо Алонсо ќе продолжи да се натпреварува во Формула 1 и во 2027 година, откако Астон Мартин официјално потврди дека шпанскиот двократен светски шампион го продолжил договорот со тимот. Со тоа завршуваат шпекулациите околу иднината на 45-годишниот возач, кој претходно остави отворена можност за продолжување на кариерата, но и за заминување од Формула 1.

Алонсо во Астон Мартин пристигна во 2023 година, а досега со тимот има осум пласмани на подиумот. Новиот договор го задржува во екипата најмалку и во сезоната 2027, додека точниот рок на договорот не е јавно објавен.

„Трките се мојот живот, мојата страст и знам дека сè уште ги имам брзината и решителноста за да се натпреварувам на највисоко ниво“, порача Алонсо по потпишувањето на новиот договор.

Во 2027 година Астон Мартин ќе продолжи со истиот возачки состав, бидејќи договорот го продолжи и Ленс Строл.

Алонсо, кој во кариерата има 32 победи и рекордни 440 стартови во Формула 1, така ќе ја продолжи својата извонредно долга кариера и во 2027 година. Иако новиот договор е потврден за 2027 година, самиот Алонсо неодамна навести дека не размислува нужно тоа да биде неговата последна сезона во Формула 1.

ПретходноБилиќ изгуби нерви: „Идиоте еден, што ме гледаш?“ (ВИДЕО)
СледноРафиња го напушти репрезентативниот камп и се врати дома