На дуелот со Шкотска правдата ќе ја дели еден од најдобрите судии во Европа!

163

Франсоа Летисие од Франција е одреден за главен судија на саботниот меч Македонија – Шкотска од 3.коло во Б Лигата на Нации во групата 1. Станува збор за еден од најдобрите судии во Европа, а во 2023 година ни судеше против Италија на Арената во Скопје кога беше 1:1, во рамките од квалификациите за ЕП 2024.

Инаку на Летисие ќе му помагаат Сирил Муние, Мехди Рахмауни и Жијом Парадис, сите од Франција.

Додека ВАР судиите се Брам Ван Дреше од Белгија и Метју Вернис од Франција.

Мечот е закажан за в сабота со почеток од 20.45 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Да се потсетиме дека Македонија е во очекување на само на првата победа туку и на првиот гол од страна на избраниците на селекторот Гоце Седлоски.

Претходно„Марка“: Никој не го сака Роналдо! Мурињо рекол дека ќе ја преземе Португалија само без него
Следно“Џани Инфантино знаеше за измамите на Манчестер Сити!“