Новак: „Имам шанса против секого“!

54
ФОТО:.facebook.com/wimbledon/

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот по седмата титула во Пекинг, а неговата следна пречка ќе биде локалниот тенисер Јунчаокете Бу. Кинезот моментално го зазема 104-то место на АТП листата и стигна до главниот ждреб на турнирот од серијата 500 благодарение на вајлд-картата на организаторот, но Ѓоковиќ добро знае дека нема да има лесна работа пред него.
Прво на сите, поради фактот што трибините ќе бидат на страната на неговиот ривал.

„Не е забавно да се игра против Кинезите во Кина. Атмосферата ќе биде електрична, гледачите ќе навиваат за него. Од друга страна, ми се допаѓаат моите шанси кога играм на ова ниво. Ги имам против секого“, рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер го победи Нуно Боржеш во првото коло и ја продолжи својата неверојатна серија во кинеската престолнина. Тоа беше неговата 30-та победа во исто толку натпревари на Отвореното првенство на Кина.
Ѓоковиќ го заврши турнирот со пехарот во рацете секој пат кога играше во Пекинг претходните шест пати.

Сега го чека сосема поинаков предизвик.
„Очекувам да бидам физички свеж, сигурно ќе играме во ноќната програма. Вчера беше малку постудено отколку на тренинг, затоа топчињата беа малку побавни. Нивното отскокнување беше помало. Тоа им одговара на тенисери како Бу, бидејќи сака да игра брзо и рамно, многу агресивно“, објасни Новак.

ПретходноСо 14 стадиони: Италија и официјално во трката за домаќин на ЕП 2032!(ФОТО)
СледноНапаѓачот и тоа како уште игра на високо ниво: Несторовски со најмногу добиени дуели во ХНЛ