Нов момент во процесот: Казната за Манчестер Сити може да биде одложена до 2027?

56
фото: La Afición @laaficion (X)

Правната битка меѓу Манчестер Сити и Премиер-лигата би можела да трае значително подолго од очекуваното, а конечната разврска на случајот можно е да биде поместена дури за 2027 година. „Граѓаните“ имаат рок до петок, 2 октомври, да поднесат жалба на одлуката на независната комисија, која го прогласи клубот за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер-лигата.

Според информациите што ги пренесува „Скај Спортс“, Сити би можел да оспори и примената на новите правила за жалбената постапка, кои предвидуваат таа да биде завршена во рок од 12 недели. Клубот, наводно, може да заземе став дека овие рокови не треба да важат за случајот, бидејќи постапката против него започна пред воведувањето на новите правила. Таквиот правен спор дополнително би можел да го продолжи процесот.

Премиер-лигата веќе потврди дека Сити е прогласен за виновен за сериозни финансиски прекршоци во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18, како и за повеќето прекршоци поврзани со несоработката со истрагата.

ПретходноМаџунков повторно во дресот на Струмица
СледноРеал во УЕФА предаде купишта документи за случајот „Негреира“