Секој чест! Македонија е единствена во Европа без даден гол во 2026!!!

182
ФОТО:FFM.MK

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Верувале или не? Македонија е единствена во Европа без постигнат гол во 2026 година!!! Секоја чест!!!

Историски дебакл од невидени размери. Ова е катастрофа! Ова е срам невиден!

А- репрезентацијата на Македонија под водство на селекторот Гоце Седлоски оди во пропаст, а тој најавува, нели, дека ова е процес.

Ма каков процес – ова е и повеќе од катастрофа. Па има ли Седлоски барем малку срам и достоинство и да се извини на македонската јавност за она што се случува со нашата репрезентација. Пред извесно време се гордеевме со оваа репрезентација, игравме на ЕП, некој друг ја однесе Македонија во бараж за СП. Бевме на меч, на полувреме до пласман на Мундијалот. А, сега? Сега оваа селекција служи за потсмев. Социјалните мрежи вријат, се бараат оставки и не само од Седлоски.

А тој со конфузни изјави на пресовите. После мечот со Швајцарија истакна дека некои играчи треба да се замислат како играат, за да два дена потоа кажа дека имал “златни момци“.

Јасно е, дека на него му е најтешко, но исто така јасно е дека со него не оди, па не оди.

Македонија во 2026 година играше со Данска, Р.Ирска, БиХ, Турција, Швајцарија и Словенија. Четири порази и две ремија и тоа без постигнат гол.

Македонија со Седлоски е 540 минути без даден гол, вкупно тоа се 607 минути, ама пострашно е тоа што Македонија со овој селектор нема игра, нема тактика, нема визија што треба, нема ништо.

Едноставно Македонија со Седло е КАТАСТРОФА.

Уште поголем срам е дека селекции како Лихтенштајн и Андора си даваат голови, макар и еден, Сан Марино дал три а еден Гибралтар во 2026 дури осум.

На шест натпревари под водство на Гоце Седлоски,оваа селекција на Македонија е – тешка “нула“.

И доста со тие изговори дека сме играле со силни репрезентации. Пред него некои селектори, не многу далечно минато, знаеле да слават на гости и против Италија и Германија, да одиграат нерешено со Англија и Белгија.

Знаеле да ја однесат Македонија на ЕП и двапати во бараж за СП, а со Седлоски сме УЖАС, ОЧАЈ, КАТАСТРОФА.

ПретходноДали е ова крај на кариерата: На Роналдо му се заканува суспензија од шест месеци?!
СледноКлоп со коментар за Сити: „Не се спремам за нови трофеи со Ливерпул“