Младите на 22 меча имаат само две победи

81

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година, вчера во Битола, на стадонот Петар Милошевски го одигра претпоследниот дуел од актуелната квалификациска кампања. Противник беше селекцијата на Црна Гора против која што одигравме 1:1, и во серија на десетици мечеви повторно не успеавме да победиме.

Со нов селектор на кормилото, во името на Александар Таневски, Македонија ниту овојпат, како и многупати изминатиот период не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и да освои три бода. Оваа кампања за нас беше одамна загубена. Уште во првите две три кола кога се виде дека не можеме во оваа за нас сепак пресилна конкуренција.

И во мандатот на Горан Станиќ, кој што ја започна оваа кампања како селектор но не ја доврши затоа што беше сменет предвреме резултатски и играчки се мачевме. Останува уште мечот против Шведска нагости нo не сме оптимисти.

Бројките го велат следново. Дека младата селекција на Македонија на последните 22 меча има само две победи. И тоа против последнопласираната селекција од оваа група, репрезентацијата на Ерменија. Ја победивме и дома и во гости. И толку. Имаме и пет ремија од кои повеќето се на пријателски средби. Бевме и на Медитерански игри и таму не успеавме да победиме. Се на се, класичен лет во празно на цела една генерација која што ете, ако е за некаква утеха ни ги даде Матеј Гаштаров и Енес Мелиќи кои се сега дел од А селекцијата. А сепак, тие се и генерација 2006, а овие квалификации ги играа репрезентативци од типот на Димитар Трајков, МАтеј Ангелов, Хамза Меметриза, Михаил Талевски, Дашмир Елези, Васко Василев… кои што се две години постари и се 2004 годиште.

Што значи сето ова? Дека поголемиот дел од овие репрезентативци, кои што 90% играат во домашниот шампионат, се далеку од преселба во А репрезентацијата и дека задачата која што младинската селекција ја има, а тоа е да биде филтерот за сениорите, не си ја завршила.

Конкретно, селекторот Седлоски и денеска на прес конференцијата пред утрешниот дуел на Арената против Шкотска изјави дека од планот да подмладува нема да одстапи. А со кого, ако не со У21 репрезентативците….? А дали тие имаат квалитет за такво нешто е прашањето кое што сите си го поставуваме

 

ПретходноЕ.Пелистер ја заврши задачата против Бутел
СледноЖорже Жезус: Нашето единство не се руши со ништо