Националите тренираа на Арената: И Алиоски е тука, ќе биде во комбинација за утре (ФОТО)

156

Вечерва избраниците на селекторот Гоце Седлоски тренираа на Арената “Тодор Проески“ во пресрет на утрешниот меч со Шкотска во меч од 3.коло во Б Лигата на Нации. Како што и самиот Седлоски најави, Џани Алиоски е тука, и тој тренираше со останатите. Тоа значи дека офанзиввниот бек ќе биде во комбинација за утрешниот меч.

Инаку репрезентацијата на Македонија се уште го посакува првиот гол по вкупни 607 минути или 540 минути откако Седлоски седна на селекторската клупа.

Да се надедеваме дека утре нашите фудбалери не само што ќе го постигнат тој прв гол туку и ќе успеат да дојдат до првите бодови во нашата група 1 во Б Лигата на Нации.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноРафа Леао: Роналдо е мојот идол од детството, сигурен сум дека е среќен по победата на Португалија
СледноЦрна Гора славеше на гости, Кипар победнички со Ерменија