„Тартан арми“ со бројка 4.000 навивачи доаѓа во Скопје!

171

По третпат во историјата Шкотска гостува во Македонија а со тоа и нивната навивачка група „Тартан арми“, која со денови почнува да го окупира Скопје е кулминацијата е во текот на денешниот ден кога нашата престолнина ќе биде преплавена со најдобрите фанови на планетава. Како и во 2008 и 2013 година бројни навивачи ќе бидат во Скопје да и дадат поддршка на својата фудбалска репрезентација.

Според најавите бројка од околу 4.000 фанови од Шкотска ќе биде утре на нашиот стадион „Тодор Проески“ на кој од 20:45 часот почнува дуелот од Лигата на нации.

А покрај надалеку познатиоте забави по пабовите, кафулињата и ресторантите од „Тартан арми“, кои се добри пријатели на нашата „Фаланга“ најавени се и неколку активности:

1. Хуманитарен настан е организиран со тоа што „Тартан арми“ ќе дадат донација од 5.000 фунти за здружението за мултиетничка едукација „Рома рок скуп“.

2. Пријателски фудбалски натпревар во сабота во предпладневен теремин со селекцијата на навивачите од Македонија.

ПретходноХаланд тужи авиокомпанија!
СледноДамјан отвори болна точка: Очекувам да играме во топли сали!