Дамјан отвори болна точка: Очекувам да играме во топли сали!

107

Новата сезона во Супер-лигата стартува денеска со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Куманово, кој се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. Тимот од Аеродром е бранител на титулата, а капитенот Дамјан Стојановски ја потврди тажна реалност кога станува збор за условите кои клубовите ги овозможуваат за играње на овој спорт во ладните денови.

„Од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата, очекувам да играме во топли сали“, вели капитенот на МЗТ Скопје. За други земји за топлите сали се секојдневие, во Македонија и натаму се бориме да ги натераме клубовите да обезбедат нормални услови за тренирање и одигрување професионални натпревари. 

Стојановски вели дека амбиците на тимот на се променети.

„Амбициите на МЗТ Скопје Аеросром се секогаш исти, највисоки. Како и секоја година, како во домашното првенство, така и во АБА2 лигата, а оваа и што подобар пласман во ФИБА Еврокупот.

Најголемо наште оружје во сезоната која е пред нас мислам дека ќе биде тимската игра и енергијата“. 

Претходно„Тартан арми“ со бројка 4.000 навивачи доаѓа во Скопје!
СледноЕлмас: За Македонија ќе играм додека ме служат нозете