Седлоски: Критиките нека бидат кон мене, овие момци заслужуваат поддршка

52

Македонскиот национален состав утре со почеток во 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра третиот од четирите мечеви во овој репрезентативен прозорец по повод новата Лига на Нации.

Нашиот скор во моментов не е според она што го посакувавме. Порази од Швајцаарија во Скопје, и неуспех против Словенија во Љубљана, се двата момента на кои секако не може да бидеме задоволни.

Сега, Шкотска доаѓа како селекција против која што едноставно мораме. Подобро, поагресивно, покомпактно, и конечно посефикасно.

Затоа што гол немаме постигнато речиси една година, и тоа е очигледен проблем. Селекторот Гоце Седлоски е под притисок на јавноста тоа е и повеќе од нормално, но еден позитивен резултат особено пред домашна публика може многу да направи.

„Атмосферата е добра. Барди и натаму е капитен, не знам од каде таа дезинформација дека нешто е сменето. На овие момци им треба поддршка, ве молам тоа да го направите. Ќе подмладувам и понатаму. Во договор со раководните структури така е детерминирано. Од планот нема да одстапуваме. Што се однесува до тактиката, формацијата ќе пробаме се. Работам, знам, следам и знам што правам. Ќе направам се за да бидеме подобри. Не може се преку ден, ова е процес. Подготвени сме за она што следува. Задовоен сум од сето она што го направивме во Словенија, освен од резултатот. Барам да не се браниме, но тоа не зависи само од нас, зависи и од противникот. Сакам играчите да уживаат. Она што ќе им биде зададено како задача. Да, голот ни е потребен, но што ако го постигнеме тој гол, а загубиме. Головите доаѓаат кога сме сите заедно. Играчите имаат тотална поддршка под мене. Критиките кон мене и федерацијата“ – вели селекторот и додава.

„Секако дека ќе има измени. Две до три. Не може овој ритам да се издржи од само единаесет. Дали ќе игра Џеков или некој друг секако дека не можам да кажам, но во секој случај сите се во конкуренција. Нема да има дополнителни повици за сега“ – рече Седлоски.

 

ПретходноБизнис Лигата со рекореден број на учесници ја стартува 17-тата сезона!
СледноМиовски и Атанасов во еден здив: Свесни сме за поразите, но против Шкотска заедно со публиката можеме многу