Селекторот на Шкотска: Имаме голем респект кон Македонија, ама ние сакаме победа

37
ФОТО:.facebook.com/scotlandnationalteam/

И Шкотска не може да се пофали со добри резултати во досегашниот дел од Б Лигата на Нации во групата 1. Реми кај Словенија и пораз од Швајцарија дома. Секакако дека репрезентацјата која настапи на СП ова лето, си има свои амбици утре против Македонија од 20:45 часот на Арената во Скопје.

Во поресрет на утрешниот меч, свој коментар имаше селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли:

“Македонија не така одамна имаше успешен период и остваруваше добри резултати. Имаме голем респект кон противникот, но за нас ова ќе биде предизвик да одиграме онака како што сакаме и да освоиме три бода во Скопје. Не чувствуваме притисок, одиме чекор по чекор. Имаше многу позитивни работи во нашата игра, иако резултатите можеби не се според очекувањата. Верувам дека по првата победа работите ќе тргнат во подобра насока“ рече покрај другото Покоњоли.

ПретходноУ-19: Македонија убедливо поразена од Луксембург
СледноЕве како Мбапе се лекува по повредата!(ВИДЕО)