Пишува: Зоран Ѓоршоски
Вечерва, во меч од 3.коло во Б Лигата на Нации, Македонија против Шкотска. Натпревар кој и тоа како доаѓа во незгоден момент за нас, за нашата репрезентација а посебно за селекторот Гоце Седлоски кој по катастрофалните изданија на неговите избраници откако е на клупата на Македонија, и тоа како е под удар на јавноста. Оваа селекција под негово водство има шест меча без победа, шест меча без постигнат гол со по некој удар на голот за тие 540 минути. Социјалните мрежи по средбите со Швајцарија и Словенија „вријат“, се бара негова оставка и не само негова. Јавноста е нервозна, резигнирана, шокирана и бара оговорност. Негови некогашни соиграчи од репрезентацијата јавно бараат тој да си оди, ама тој е уверен во “неговиот процес“. А каков е тој “негов процес“ гледаме и самите.
Од друга страна и селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли е под притисок. Стручњакот од Белгија доби шанса по завршување на Мундијалот да ја преземе оваа селекција, ама резултатите му се лоши. Бледо реми со една слаба Словенија и катастрофа дома од Швајцарија, Медиумите во Шкотска потенцираат дека ако вечерва не успее да ја победи Македонија, тогаш може да добие и отказ.
Интересно е тоа што падот на Џорџ Барли, некогашен селектор на Шкотска, започна со поразот од Македонија во септември 2008 година кога тогаш во Скопје со голот на Илчо Наумоски ние славевме со 1:0.
Ова значи дека може лесно да се случи или Седлоски или Покоњоли, во зависност од резултатот на нивните избраници, по мечот вечерва еден од нив да биде бивши.
Прашањето е само кој?
Или пак, ниту еден, а со Седлоски на клупата да продолжи нашата агонија!










