Струга Трим Лум денеска гостуваше во Албанија, каде одигра пријателски меч со составот на Елбасан.Домашниот состав победи со 2:0, иако стружани имале неколку шанси за подобар резултат. Треба веднаш да се каже дека тренерот Бледи Шкемби и на оваа контрола на терен пушти комбиниеран состав, се со цел да им даде минутажа на повеќе свои играчи, но и на неколку млади талентирани играчи.
Во Скопје на стадионот “Борис Трајковски“, исто во пријателски меч, Шкендија Арачиново ја победи Македонија ЃП со 1:0. Според шансите кои ги креирале младите играчи на стратегот Боби Стојковски, резултатот на крајот можел да биде поповолен за второлигашот од Ѓорче.















