Робертсон вечерва во Скопје ќе го одигра 100. натпревар во дресот на Шкотска

37
фото: Daily Record Sport @Record_Sport (X)

Капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, вечерва во Скопје ќе го запише својот 100-ти настап за националниот тим.

Тој ќе стане само вториот шкотски фудбалер со најмалку 100 репрезентативни настапи, по легендарниот Кени Далглиш, кој има 102. Неговиот соиграч Џон Мекгин го опиша Робертсон како „инспирација“ за младите шкотски фудбалери, особено поради неговата посветеност кон репрезентацијата.

Мекгин истакна дека Робертсон бил подготвен да игра за Шкотска дури и кога не бил целосно физички подготвен. Робертсон дебитираше во 2014 година, а од 2018 година е капитен и досега ја предводел репрезентацијата на три големи турнири.

ПретходноБВА Куп: Познат комплетниот распоред, Наковски волеј отвора против Дрита
СледноСветскиот рекордер нема да настапи на ЕП во сала