Полувреме на Арената: Има ли крај на нашите маки? Македонија-Шкотска 0:1

14

Македонската фудбалска репрезентација во моментов на Арената Тодор Проески во Скопје, го игра третиот дуел од актуелната Лига на Нации, Б Дивизија, против репрезентацијата на Шкотска.

По 45. Минути, нашиот национален состав губи со 0:1,  во седмата минута, Боуви, постигна прекрасен гол од преку двасет метри. Лошата реакција на нашите централни стопери, дозволи на првиот напаѓач на шкотите, да ја прими топката да се заврти, намести, и да реализира со прекрасен удар.

Следуваа серија на акции, шанси, Робертсон прекрасно шутираше, но Димитриевски одбрани. Генон Док со свој удар за малку над голот на Македонија.

Ние, едвај се спасивме во тие први дваесетина минути од мечот, да не примиме, втор, па и трет гол, и да отиде овој меч во неповрат.

„Шок“ терапијата на селекторот Седлоски значеше двоја измена на по само половина час. Станковски и Херера заминаа на прерано капење, а во игра влегоа Атанасов, и Џеков.

Шкотска и натаму сериозно опасна по нашиот гол, Димитриевски направи кардинална грешка, излезе беспотребно, Боуви ја имаше топката во нозе и презен гол, но блокот не спаси од двојна негатива.

Б Лига на Нации – група 1 (3.коло)

МАКЕДОНИЈА – ШКОТСКА 0:1 (0:1)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Франсоа Летисие (Франција). Стрелци: Боуви 7. (ШКО).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Младеновски, Мелиќи, Муслиу, Илиевски, Барди, Гаштаров,Станковски (31. Атанасов), Херера (31. Џеков), Елмас, Миовски.

Селектор: Гоце Седлоски.

ШКОТСКА: Ган, Велш, МекКена, Бинкс, Генон – Доак, Фергусон, Гилмор, Робертсон, МекГин, МекБурни, Боуви.

Селектор: Себастијан Покоњоли.

ПретходноВардарки елиминирани во Европа