Нема поместување на ужасната ситуација во која што се наоѓа македонската фудбалска репрезентација. Или можеби има? Но кон полошо. Ако може да биде полошо од ова. А очигледно може…..
Македонија по трет пат во оваа тековна Лига на Нации, Б дивизија загуби, овојпат од Шкотска и тоа во серија, и тоа повторно без постигнат гол со конечни 0:2.
Вечерва на Аребата Тодор Проески во Скопје, нова лекција по фудбал за нас. „Професорски“ перформанс на Шкотска, кој што го истури сиот свој гнев од претходните два нејзини дуели по ремито со Словенија и поразот од Швајцарија. Нам ни даде два гола, ни создаде десетина зицери, го направи Столе Димитриевски повторно „тажен херој“ и си замина од Скопје со трите бода.
Оние кои што за нас вечерва беа светлосни години далеку како и голот на Ган. Оној на кој што речиси и не се заканивме, а пак да го погодиме? Тоа во моментов е за нас мисловна именка.
Негатива уште на стартот
Нема како да се оправда она што Македонија НЕ го одигра вечерва на Арената. Тотална доминација на противникот уште од самиот старт. Удар на Робертсон, Димитриевски брани, а потоа во седмата минута водство на гостите. Боуви прими една топка, се заврте во правец на нашиот гол и распали за 0:1.
Следуваа серија на атаци од страна на Шкотска. Повторно Робертстон, Ганон Доак, Мек Бурни, нема кој не се закани, обиде, но Димитриевски и непрецизноста не спасија барем во тие моменти.
Kieron Bowie take a bow https://t.co/5w2XieB1tN
— f 🇵🇸 (@AFrazzledScot) October 3, 2026

Селекторот Седлоски во очај, прави двојна замена уште по половина час. Излегуваат Станковски и Херера, влегуваат Атанасов и Џеков. Ништо капитално, Шкотска доминира и понатаму.
„ВАР“ не спаси, „ВАР“ не казни
Ниту продолжението на мечот, не донесе ама апсолутно нешто поинакво. Противникот, силен, моќен, јак, ама го доби речиси секој воздушен, а и секаков друг дуел. Македонија изгледаше тотално немоќно вечерва.

Гаштаров по еден старт во нашиот шеснаесетник го натера главниот судија да досуди пенал, но ВАР ја промени одлуката.
Сепак, тоа не се случи во 69. Минута. Хаосот во нашиот петерец, доведе до тоа да Миовски да игра со рака. По неколкуминутна консултација, досуден е пенал. Сигурен реализатор Џон МекГин.

Ако дотогаш некој и имаше било каква илузија дека нешто можеме, од тој момент и тој ентузијаст едниставно се откажа.
Во финишот на мечот, еден лош пас на шкотите во опасната зона го пресече Елези, е МекКена во обид да спаси контра, крвнички стартуваше врз него, и заслужено доби директен црвен картон.
Б Лига на Нации – група 1 (3.коло)
МАКЕДОНИЈА – ШКОТСКА 0:2 (0:1)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Франсоа Летисие (Франција). Стрелци: Боуви 7., МекГин (п) 70. (ШКО). Ц.Картон: МекКена 84. (ШКО).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Младеновски, Мелиќи, Муслиу, Илиевски (62.Дориев), Барди (62.Елези), Гаштаров (79.Малески),Станковски (31. Атанасов), Херера (31. Џеков), Елмас, Миовски.
Селектор: Гоце Седлоски.
ШКОТСКА: Ган, Велш, МекКена, Бинкс, Генон – Доак (76.Хики), Фергусон, Гилмор (89.Грахам), Робертсон, МекГин, МекБурни (46. Кристи), Боуви (76.Уре).
Селектор: Себастијан Покоњоли.











