Македонскиот вицешампион Наковски Волеј следниот викенд ќе биде домаќин на БВА Балканскиот Куп 2026, кој ќе се одржи од 6 до 8 октомври во салата „Парк“.
На турнирот македонскиот клуб ќе ги одмери силите со ЦСКА Софија од Бугарија, Дрита Гњилане од Косово и грчки Олимпијакос. Натпреварите ќе донесат силна конкуренција и борба за трофејот во регионалното натпреварување.
Струмичани веќе го објавија и комплетниот распоред на натпреварите. Инересно е што победникот на БВА Купот ќе обезбеди пласман во првата рунда од ЦЕВ Челинџ купот.











