Крива Паланка испиша нова историја го освои Суперкупот „Драган Василов – Цевка“

1

Крива Паланка за првпат во историјата го освои Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ во женска конкуренција, совладувајќи го Баскет Кам со 63:51.

По шампионската титула минатата сезона, Крива Паланка стигна и до трофејот во Суперкупот, прекинувајќи ја доминацијата на Баскет Кам во ова натпреварување.

Пред својата публика во салата „Бранители 2001“, домашниот состав одигра одличен натпревар и клучната разлика ја направи во втората четвртина. Крива Паланка во овој период направи серија од 22:9 и на полувремето замина со убедлива предност од 37:23.

Баскет Кам во второто полувреме се обиде да се врати во натпреварот и со серија од 6:1 ја намали негативата на 29:38. По тројката на Поп-Димитровска, гостинскиот состав во 26. минута се доближи и на само пет поени – 38:43. Сепак, Крива Паланка брзо ја стабилизираше играта и повторно стигна до двоцифрена предност, која ја задржа до крајот.

Тања Гордон беше најефикасна кај победникот со 23 поени, осум скока и четири асистенции, додека Мариса Ли постигна 17 поени и оствари дабл-дабл со 10 скока.

Груевска додаде 14 поени, додека кај Баскет Кам најдобра беше Сања Адамовска со 21 поен и девет скока, а Марија Митева постигна 14 поени.

ПретходноБарди му подари дрес на Робертсон за јубилејот!(ФОТО)